Миранда Кер дефинитивно е една од најубавите жени на денешницата, според некои општоприфатени критериуми за убавина.Австралијанката е меѓу ретките популарни лица кои посветуваат огромен дел од својот живот на грижата за здравјето. По дипломирањето како професионален консултант за здрава исхрана, таа го претстави својот режим за одржување на убава фигура. Начинот на исхрана, според 30-годишната Миранда зависи од појадокот.
„Мојот утрински шејк ми дава максимум енергија и виталност. Тој содржи многу витамини и минерали. Огромната чаша утрински шејк следи по задолжителната чаша топла вода со лимон, која го регулира варењето, го чисти телото и го одржува имунолошкиот систем”, објаснува Миранда.
Миранда за ручек конзумира голема салата од спанаќ, авокадо, краставица, малку бадеми и козјо сирење, зачинето со маслиново масло и оцет, пире од слатки компири и риба.
Пијалокот, со кој ја згаснува жедта е вода!
Миранда Керја ја посетува тренинг салата 5 пати во неделата, каде што тренира по час и половина. Режимот вклучува мешана програма од јога, балет, кардио, трчање, бокс и вежби за цврст задник.
http://youtu.be/KhUscjOjjs4