Повторно го имам она чувство. Не сакав да ми се случи тука!

Опра Винфри е позната по дарежливоста и по тоа што често во нејзиното шоу делеше вредни „ситници“ на публиката. Но овој пат ниту е ситница, ниту беше во нејзината емисија.

Планетарно познатата водителка и една од највлијателните жени во светот, гостуваше во шоуто на Џими Кимел при што одеднаш започна да вика: „Не знам што ми е, повторно го имам она чувство!“

Потоа одбра една девојка од публиката, и и подари клучеви од автомобил од марката Форд.

Овој чин потсетува на тоа кога Опра во 2010 година им подели бесплатни автомобили на сите кои се најдоа во публиката тој ден.

http://youtu.be/PNwTBrs_RXk

- Реклама -