Се откажува од луксузот, ќе преживува со 1.50 долари дневно

Границата на екстремна сиромаштија во САД е дневен пирход од 1.5о долари.

Актерот Бен Афлек заедно со неколку холивудски ѕвезди одлучи да живее со само 1.50 долари на ден. Актерот со овој необичен чекор ќе земе учество во кампањата „Live Below The Line“.

Оваа кампања се обидува да ја подигне свеста во општеството за тоа дека постојат луѓе во светот кои не можат да си ги задоволат основните животни потреби.

Токму приходот од 1.50 долари на ден е границата на екстремна сиромаштија во САД, а Бен ќе мора да издржи еден ден. Инаку „обичните“ луѓе кои се придружуваат на кампањата се жртвуваат пет дена.

Прочитајте и:  Песков: Бајден ја ескалира ситуацијата за да ги саботира мировните планови на Трамп за Украина
- Реклама -