Дон Билзеријан, познат и како „Крал на Инсаграм“ својата омилена социјална мрежа за кратко ја замени со „Snapchat“. Меѓутоа, колку брзо го напуштил Инстаграм, толку брзо и се вратил.
Дон Билзеријан на Инстаграм често поставува фотографии од оружје, згодни жени и од самиот себе, како ужива во раскошниот живот, а сето тоа го следат неговите 6,7 милиони фанови. За да ги анимира дополнително, тој одлучил да направи и прв „Snapchat“, секако, на негов начин.
Близеријан на „Snapchat“ се снимал себе и својата пријателка во кревет, додека таа ги покажува нејзините голи гради. Токму тоа било и причина за неговиот профил да биде отстранет само шест часа после регистрацијата.
Секако, проблем не биле само голите гради, туку и оружјето кое се наоѓало на креветот. Ден ги ставил истите разголени фотографии и на Инстаграм, меѓутоа, администраторите на оваа социјална мрежа не ги избришале.