Ова не го очекувавме! Нов славен пар: Роберт Патинсон и Кети Пери

Тие се најдобри пријатели кои се чини ги поминале границите, барем Роберт ги поминал.
На забавата за неговиот нов филм во Лос Анџелес, двојката била забележана како „опасно“ флертува, пишува Њујорк пост.

Извор кој бил на местото на настанот, вели дека ги затекнал на терасата сами, а во еден момент Роберт влегол по пиење и рекол на свој пријател дека Кети „е толку згодна“.

Иако се зборуваше дека Роберт се гледа со моделот Имоџен Кер, а Кети со диџеј, се чини дека меѓу овие „пријатели“ има нешто повеќе.

Доколку се претпостави дека само Роберт е оној кој е заљубен, срцето сигурно ќе му биде скршено, ако судиме според изјавите кои ги даде Кети пред неколку месеци:

Прочитајте и:  Три хороскопски знаци кои премалку се грижат за своето здравје

– Тој е мој пријател, јас сум му како постара сестра! Ние излегуваме заедно како другари, рекла пејачката и додала:

– Единствена работа на која сум навистина горда е тоа што не сум спиела со Роберт и тоа е вистина!

- Реклама -