Неколку дена по породувањето: Бившиот на Хурем бара старателство?

 

Дури и ако популарната актерка ја одбива таа можност, Кан како татко на детето може да се повика на родителските права и да побара да го види детето, а може и да бара старателство за Лара.Мерјем Узерли, која стекна светска слава толкувајќи ја Хурем во историската драма „ Сулејман Величествениот“ во понеделник во раните утрински часа стана мајка. На свет дојде, како што веќе пишавме девојче, кое се вика Лара.

Веста за тоа дека Мерјем се породи се прошири со брзина на светлината.

Кан, таткото на детето нагласи дека може да се повика на родителските права и дека се предомислил во однос на помагањето на детето. Тој сака финансиски да учествува, но и понатаму не сака да има ништо со Мерјем.

Кан дури и изрази желба да присуствува на породувањето, но фамилијата на Хурем се спротивстави.

Турските медиуми шпекулираат дека тој чувствувал голем притисок од страна на јавноста, особено од обожавателите на Мерјем. За сега се знае дека Лара го има презимето на мајка и, а дали Кан ќе се обидува да ги оставри родителските права, со тоа што ќе се наметне како старател останува допрва да видиме.

- Реклама -