Откако во интервју за британскиот магазин „The Guardian“ изјави дека ракот на грло го добил бидејќи орално задоволувал жена која била заразена со HPV, актерот Мајкл Даглас се обиде да демантира. На сето ова се огласи и неговата поранешна сопруга Диандра Даглас.
„Во неодамнешното интервју, Даглас зборувал за причините поради кои настанал ракот, а како една од нив го издвоил оралниот секс, а тоа се знае веќе некое време“, изјавил неговиот портпарол Ален Бури, со оправдување дека Даглас не рекол дека неговиот рак е само поради орален секс.
Докторот Мајкл Бреди, директор на здраственото здружение „Terrence Higgins Trust“, изјавил дека е тешко да се одреди само една причина. Заклучил дека актерот бил пушач и пиел алкохол што се два фактори кои најчесто се заслужни за ракот на грло.
„Постојат низа причинители, како што се генетиката, околината и вирусите, кои е можно да имаат улога“, додал тој.
Во меѓувреме поранешната жена на Мајкл, Диандра Даглас, изјавила за TMZ дека нема HPV ниту пак некогаш имала.
Актерот во 2011 година се излечи од рак на грлото кој му беше дијагностициран во 2010-та година.