Пејачот Крис Браун потврди дека раскинале со Ријана во едно негово неодамнешно интервју за една австралиска емисија.
„Секогаш ќе постои голема љубов меѓу нас. Но, јас сум возрасен човек и ќе продолжам понатаму“, рекол тој.
Иако, како што вели е возрасен човек, Браун вели дека сѐ уште е млад за свадба. Ријана наводно се надевала дека ќе ја запроси, па оваа мала разлика во очекувањата наравила голем проблем.
„Морам да бидам најдобриот Крис Браун што можам да бидам“, ја објаснил својата одлука додавајќи дека двајцата се премногу зафатени за сериозна врска.
Медиумите шпекулираат дека поради раскинувањето пејачката е очајна што го потврдува и нејзиното тричасовно доцнење на настапот во Бостон.