Бијонсе ќе приреди незапаметен концерт во Белград, кој воедно е и почеток на нејзината светска турнеја, а опремата за спектаклот пристигнала во Србија со 27 шлепери, 10 автобуси и три комбиња.
„Шоуто на госпоѓа Картер“, како што се нарекува нејзината турнеја, полека пристигнува во Белград.
Масивната продукција ја довеле 27 шлепери. Покрај нив се очекуваат и 10 автобуси и три поголеми комбиња. Техничкиот и продукцискиот тим кој ја следи турнејата е составен од 100 луѓе.
Пејачката ќе настапува на две бини, главната на источната страна на Комбанк арена, и споредната на западната страна. Бендот го сочинуваат осум музичари, три пратечки вокали и двајца танчери.
Пејачката со семејството ќе пристигне во Белград утре вечер или во сабота.
Концертот ќе се одржи на 15 април.