Заштитете ги тестисите ако случајно се најдете во близина на оваа риба

Устата на рибата паку – огромниот роднина на далеку попознатата пирана – бара почит. Големата вилица и кошмарните заби кои налекуваат на човечки песјаци се наменети за кршење и раскинување на семиња и јатки, примарната храна на оваа Јужно Американска Риба.

Но за несреќа на рибарите и пливачите од Папуа Нова Гвинеја (каде што во 1990 година биле ослободени 14.000 вакви риби) истата таа вилица е неверојатно способна за кршење и раскинување и на јајца. Да, тие „јајца“, сепак локалното население не ја вика оваа риба “Ball Cutter” за ништо.

Не е познат вкупниот број на ненадејни кастрации извршени од паку риби но според The Telegraph, овие чудовишта се одговорни за најмалку два смртни случаи. Страшно но истовремено и доста интересно.

Рибите паку се далеку познати како „вегетеријански пирани“ и се доста важни за екосистемот во кој живеат, расппределувајќи ги семките од дрвјата со чие овошје обично се хранат.

Но, според Animal Planet преселените паку риби од Папуа станале месојади во 1999 година кога нивната храна станала недостапна. Или со други зборови, самите сме си криви.

- Реклама -