Џејми Лин Спирс, сестрата на Бритни Спирс, која неодамна го прослави нејзиниот 22 роденден, очигледно ја фатило носталгија. Имено, таа неодамна на нејзиниот „Твитер“ профил сподели стара фотографија на која се наоѓаат Џејми, Бритни и Џастин.
Под фотографијата „малата“ сестра на Бритни напишала:
„@jtimberlake чудно е да ја слушам твојата музика како возрасна личност. Ха. Не само што ја ценам, туку и ја разбирам! #jay #crymeariver #mirror“.
Со оглед на тоа што за „означените“ хитови на Џастин, се шпекулираше дека се песни инспирирани и посветени на неговата врска со Бритни, фановите на познатата пејачка веднаш ја нападнаа Џејми дека не е убаво што таа потсети на скандалозното раскинување на поранешната двојка. Поради тоа, Џејми подоцна ја замени содржината под сликата со зборовите:
„Се надевам дека сите знаете дека моите статуси се само за да ја поддржам мојата сестра Бритни Спирс.“
Во секој случај, љубовната врска меѓу тинејџерскиот пар веќе одамна повеќето ја заборавија, па така сега Џастин Тимберлејк е во брак со актерката Џесика Бил, а Бритни Спирс во моментов е во врска со адвокатот Дејвид Лукадо.