Бијонсе ќе остане во Србија пет дена, погледнете каде ќе престојува

Бијонсе ќе пристигне во Србија четири дена пред концертот закажан за 15 април и ќе престојува во кралскиот апартман на хотелот „Метропол“.

Бијонсе доаѓа фамилијарно во Белград. Американската пејачка во српската престолнина ќе стигне четири дена пред концертот, а како што објави српскиот весник „Курир“, друштво ќе ѝ прават сопругот Џеј Зи и ќерката Блу Ајви.

Beyonce And Jay-Z Vacation In The Mediterranean Sea

„Бијонсе ќе пристигне во Србија на 11 април затоа што концертот во Белград ѝ е прв од турнејата. Пејачката првично требаше да пристигне два дена пред концертот, но сака лично да ги надгледува подготовките за спектаклот. Во Белград како поддршка со неа ќе стигнат сопругот Џеј Зи и ќерката Блу Ајви“, рекол добро информиран извор за „Курир“.

Семејството Картер ќе престојува во претседателскиот апартман на хотелот „Метропол палас“ во Белград во кој едно ноќевање чини 1 100 евра.

bijonse-beograd-srbija-koncert-dzej-zi-1365371673-293043

Апартманот има сала за состаноци, голема дневна соба, џакузи и купатило. Се простира на 140 метри квадратни, а пред влезот ќе биде поставено специјално обезбедување.

bijonse-beograd-srbija-koncert-dzej-zi-1365371673-293045

Во кралскиот апартман до сега престојувале многу познати личности како Софија Лорен, Елизабет Тејлор, Луј Армстронг, Кирк Даглас, Роберт де Ниро и Мајкл Медсен.

- Реклама -