Крис Хемсворт после напорно вежбање

Доколку сте тажни што викендот заврши, еве една мала галерија која со сигурност ќе ве расположи. Имено, во текот на викендот Крис Хемсворт беше уловен од папараци-фотографите веднаш после напорното вежбање во теретана. Австралискиот актер ги покажа неговите големи мускулести раце и нозе. Истиот ден беше фотографирана и неговата сопруга Елса Патаки како брза за да стигне на време на пилатес вежбите. Двојката ја има 10-месечната ќерка Индија со која за прв пат викендов заедно го прославија Велигден. Се чини дека ова семејство навистина знае како да води грижа за сопствениот изглед.

- Реклама -