Меколи Калкин не престанува да шокира со неговиот изглед. Најновата фотографија од него е направена на отворањето на саемот „Foire du Trone“ во Париз каде што 32-годишниот актер се прошета со цигара во рака, врзана коса и очила за сонце.
И понатаму слаб, изгледа како уште да има проблеми со зависноста од дрога и со депресијата со која се бори веќе долго време.
Ѕвездата девет години беше во врска со Мила Кунис, а по раскинувањето се обиде да се самоубие. Актерот наводно се предозирал со хероин и испил коктел лекови.
Онесвестен го пронашле пријателите во неговиот дом во Лос Анџелес и веднаш го однеле во болница.
Меколи Калкин е најпознат по улогата во „Сам дома“.