Дејвид и Викторија Бекам планираат интимна церемонија на која ќе ги обноват брачните завети – 13 години по првиот пат.
„Викторија направи голема жртва со тоа што се откажа од животот што го сакаше во Лос Анџелес за Дејвид да може да игра во Париз“, рекол анонимен извор за магазинот „Now“.
„Тој сака да ѝ покаже колку е благодарен, а таа сака да му докаже колку го сака“.
Викторија и Дејвид наводно ги обвновиле заветите во 2006 година и направија исти тетоважи, па не сме сигурни зошто сакаат и по третпат да го направат тоа. Но, кои сме ние да судиме.