Папараците повторно ја фотографираа Анџелина Џоли без свршеничкиот прстен, па почнаа гласините дека има уште време до свадбата со Бред Пит.
„Анџелина Џоли прв пат во јавноста со свршеничкиот прстен“, „На Џоли не ѝ се допаѓа прстенот“, „Зошто Џоли го извади прстенот од Бред Пит?“. Ова се само дел од насловите со кои последните неколку недели нѐ бомбардираат светските медиуми, а сето тоа со цел да дојдат до одговор дали најславната холивудска двојка конечно ќе заплови во брачните води.
Анџелина Џоли повторно беше фотографирана без свршеничкиот прстен на аеродромот во Лос Анџелес. Се поставува прашањето дали убавата актерка ја комбинира гардеробата со накитот па затоа го симнува свршеничкиот прстен!? Се чини дека медиумските шпекулации нема да престанат во скоро време.