И покрај тоа што откако забремени нејзиниот моден избор е често подложен на потсмев и критики, сепак, Ким Кардашијан и понатаму се облекува онака како на неа и се допаѓа. Всушност, при вчерашното гостување во емисијата „Live“, 32-годишната реалити ѕвезда објасни зошто е тоа така, а за самата пригода Ким беше уловена во дури три различни фустани. И покрај сите негативни коментари за нејзиниот стил во текот на бременоста, Ким и овој пат се одлучи да се облече онака како што неа и претставува задоволство.