Среќно вљубената Бритни Спирс во борба со фустанот

Откако папараците открија дека Бритни има нова љубов, брокерот Дејвид Лукадо, познатата пејачка зрачи од среќа, но има и проблеми со „непослушниот“ фустан кој за малку ќе ги откриеше нејзините гради.

Црниот фустан сo длабоко деколте ќе беше одговорen за нов скандал на популарната пејачка Бритни Спирс која пред некоја недела беше број 1 на музичките листи во светот со песната „Scream and Shout“.

Додека со насмевка на лицето се упатила во кафулето Хавана во Малибу, каде што инаку се сообираат познатите славни фаци, Бритни видно се мачела со фустанот во кој изгледа лежерно и опуштено. Со несредената фризура и без шминка, Бритни и понатаму живее по свое, не обрнувајќи внимание на папараците кои ја следат во секој чекор, и за промена изгледа среќно.

Нејзината среќа се вика Дејвид Лукадо, брокер кој не сака да се експонира.

- Реклама -