Шакира сподели уште една фотографија на Twitter од нејзиниот син Милан Пике Мебарак.
„Не можам да издржам, морам со вас да го споделам ова. Милан наполни 2 месеци“, напишала колумбиската пејачка под фотографијата.
Шакира и во текот на бременоста споделуваше интимни фотографии, па така на Instagram објави фотографија од ултразвук. Меѓутоа, фотографијата што ги стопи срцата на јавноста беше онаа на која Жерар Пике го бакнува неговиот син.
Милан е роден на 22 јануари во Барселона и е прво дете на 35-годишната Шакира и нејзиното десет години помладо момче, фудбалерот на Барселона Жерар Пике.