Погледнете како изгледа секојдневието на овој брачен пар кој е заедно уште од дамнешната 1956 година. Лисија и Рајан се венчале пред речиси шест децении во едно мало градче крај Удине, Италија. Од тој момент, тие двајца се неразделни и многу среќни. И покрај тоа што двајцата веќе длабоко се навлезени во деветата деценија од животот и со самото тоа веќе не се брзи и подвижни како некогаш, тие се задоволни што се имаат еден со друг, што е доволен мотив да живеат што подолго. Едноставно, нивната љубов е доволно голема за да им ја даде сета неопходна сила за да го дочекаат со радост секој нов заеднички ден. Романтичното секојдневие на овој стар брачен пар со својот апарат го овековечи Марина Росо пред две години, а фотографиите ги сподели на нејзиниот фото-блог.