Британскиот супер модел Кејт Мос годинава ја прославува 25 годишнината од својата кариера на модните писти!
Муза на голем број креатори, икона на стилот, креатор и едноставно жена со поинаква харизма – Кејт Мос не престанува да воодушевува со своите храбри појави. Кариерата ја започнува на крајот на август 1988 година кога на њујоршкиот аеродром 14 годишната девојка ја забележува модната агентка Сара Дукас која сеќавајки се на првата средба вели дека тогаш Мос изгледала навистина полетно, набаре е проѕирна!
Младата ѕвезда потпишува договор со модната агенција, но истовремено страда од низа комплекси поради својата машка фигура, тенките раце и рамните гради со оглед на фактот дека во тоа време на пистите блескале Синди Крафорд и Линда Евангелиста.
Почетоците на Кејт Мос се запишани со деби настапот во шоуто на Џон Галијано во Париз и насловната на магазинот „The Face“. Оттогаш нејзините модни ангажмани не запираат. Во моментов таа е една од најплатените модели во модниот бизнис, односно трета на листата според „Forbes“, а нејзината колекција за брендот „TopShop“ бележи невиден успех!