Сораја Вучелиќ и Ивана Стаменковиќ Синди го киднапираа Бобан Рајовиќ. Згодните манекенски го врзале Рајовиќ за стол и го оставиле два часа во мрачен хангар. Не запреле со неговото мачење, туку барале и откуп. И тоа од манекенот Филип Панајатовиќ. Тој не им ги исплатил парите, туку ги предал на полицијата.
Ова сѐ се случило, но по сценариото за новиот спот на српскиот пејач Бобан Рајовиќ за песната „Не верувам“, во режија на Дејан Миличевиќ.
Спотот е снимен на четири локации во Нови Сад и траело повеќе од 20 часа. Погледнете дел од кадрите.