Финансиските извештаи на познатите објавени на мистериозна интернет страница

Првата дама и потпретседателот на САД, Мишел Обама и Џо Бајден се последни во низата на славни личности чии приватни податоци завршија на мистериозна интернет страна, а во истрагата за овој случај се вклучи и американската Тајна служба.

На страната се поставени идентификациони броеви, банковни извештаи, адреси и броеви на телефоните на познатите, меѓу чии се најдоа и тие на Џеј Зи и на првиот човек на ФБИ. Страната има интернет домен кој некогаш му припаѓал на Советскиот Сојуз, а на некои од сајтовите се наоѓаат и фотографии кои жртвите веројатно самите никогаш не би ги објавиле, како и саркастични пораки за поедини познати личности.

Меѓу жртвите на овој мистериозен сајт се најдоа и ѕвездите Бијонсе, Бритни Спирс, Ким Кардашијан, Ештон Качер, американскиот државен тужител Ерик Холдер, поранешната американска кандидатка за потпретседател Сара Палин и поранешниот гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер. Истрагата ја води ФБИ и Тајната служба.

На сајтот најпрво се најдоа 11 имиња, а за само 24 часа од неговото поставување бројката порасна на 18. На страната нема никакво објаснување зошто баш тие поединци се одбрани ниту пак како се добиени тие информации.

- Реклама -