Принцот Хари поради стриптизот добил бесплатно сместување во Лас Вегас

Британскиот принц Хари можеби летото го посрамоти своето семејство со голите фотографии од лудата журка во хотелот „Encore“ во Лас Вегас, но на сопственикот му дал сјајна бесплатна реклама.

Стив Вин, сопственикот на „Encore“, бил воодушевен од медиумското влијание, па на принцот му пратил покана повторно да претстојува во неговиот хотел кога и да посака, и тоа бесплатно.

Интересно е тоа што во пригодата Вин му порачал на принцот Хари следниот пат кога ќе дојде во Лас Вегас да се однесува попримерно, за да не би се повториле нови шокантни фотографии на интернет и во весниците.

- Реклама -