Адам Левин во врска со „Трачарката“ Аманда Сетон

Набрзо откако раскина со намбиската манекенка Бехати Принслу (23), фронтменот на бендот „Maroon 5“, Адам Левин наводно започнал да се забавува со Аманда Сетон, актерката од серијата „Трачарка“ (Gossip Girl).

33-годишниот музичар наводно „изгубил глава“ за 27-годишната глумица која ја запознал преку нивен заеднички пријател.

„Се уште е рано за прогнози“, кажал извор близок на двојката за RadarOnline.com. „Адам и Аманда се запознале пред околу еден месец и од тогаш до сега излегле на неколку состаноци“.

S

Нажалост репутацијата на Адам на „жанкар“ го следи како сенка, бидејќи ретко е виден без некој супермодел под раката, па пријатeлите на Аманда се загрижени дека набрзо ќе ја остави со скршено срце.

„Ќе мораме уште малку да почекаме за да видиме дали е сериозно или не“.

Адам пред Бехати се забавуваше со нејзината колешка од тимот на „Victoria’s Secret“, Русинката Ана Вијалитсина.

Музичарот неодамна изјави дека „МекДоналдс“ е совршено место за прв состанок.

„Обожавам кога ке се облечам свечено и на девојките ќе им кажам да се дотераат и они, по што ќе ги одведам во „МекДоналдс“. Тоа се убави и спонтани работи кои секој може да ги направи бидејќи не се ниту скапи. На тој начин, толку многу ќе ја збуните девојката што нема да знае што ја снашло. Доколку ви се допадне нејзината реакција, можете подоцна да ја однесете на опера. Ако не, вратете ја дома.“

- Реклама -