Бијонсе: Нема да можам да танцувам како Мадона кога ќе бидам постара

Пејачката Бијонсе која е позната по своите енергични настапи и страствени кореографии, признава дека нема шанси да може да игра така и кога ќе биде постара, како што е случајот со Шер и Мадона.

Хитмејкерката чија турнеја „The Mrs. Carter Show“ започнува на 15 април и тоа токму во Белград, признава дека ќе мора да намали со танцувачките „егзибиции“ бидејќи не верува дека ќе биде до толку еластична како што се уште успеваат да бидат нејзините постари колешки.

„Не сум баш сигурна дека ќе можам до толку да танцувам кога ќе бидам во нивните години“, изјавила Бијонсе мислејќи на Шер и Мадона кои се во нивните пеесети и шеесети години. „Не верувам дека би можела да бидам во чекор со нив. Тогаш веројатно ќе бидам во „Аве Марија фазон“ и ќе пеам само балади.“

Картите за нејзината турнеја се речиси распродадени поради што пејачката во некои градови ќе мора да настапи и во додатни термини за нејзините фанови да би можеле да уживаат во нејзиниот жив настап.

Иако, во април се очекува Бијонсе да го издаде нејзиниот петти албум на кој ќе соработува со Џастин Тимберлејк, Мигел, Френк Оушн и други.

- Реклама -