Бибер ги разгневи Британците откако доцнеше два часа на концертот

Џастин Бибер доцнеше два часа на првиот концерт во рамките на британската „Belive“ турнеја во лондонската О2 арена во понеделникот, приморувајќи стотици родители да ги вратат децата дома пред воопшто тој да се појави на сцена.

article-2288167-187084BC000005DC-571_634x434

Поголемиот број на публиката се тинејџери помлади од 16 години, но и покрај тоа Бибер не се појавил на сцената се до 22:35 часот, односно само 20 минути пред предвидениот завршеток на концертот.

„Многумина едвај го чекаа концертот со недели, срамота е што децата останаа разочарани и мораа да се вратат дома“ изјавил фан. „Арената беше преполна со деца кои утрината беа на училиште.“

article-2288167-1870B1D2000005DC-317_634x470

После настапите на Џејден Смит и Карли Реј Џепсен, кои биле загревање за неговиот настап, публиката била оставена 45 минути да го слуша Мајкл Џексон преку озвучувањето додека конечно Џастин не се појавил.

Иако не се ни извинил ниту пак дал објаснување за доцнењето, Бибер имал енергичен настап кој успеал да ја крене останатата публика. Меѓутоа, на „Твитер“ профилот го дочекале бурни критики.

- Реклама -