Чарли Шин смета дека тој е идеалната личност која може да ја спаси Линдзи Лохан, бидејќи како некој што поминал низ сличен таков пат мисли дека најдобро може да ја разбере скандалозната актерка.
„На Линдзи и е очигледно потребен ментор, сакала таа или не. Може или да продолжи да лудува низ градот во скинати фустани или да ми се обрати за совет, како човек кој поминал низ пекол. Ако ме слушне, ќе победи, ако не, тоа е нејзина одлука“, изјавил Шин, кој се зближи со актерката за време на снимањето на филмот „Scary Movie 5“.