Актерката која многумина ја сметаат за модна икона повтороно разочара.
Сара Џесика Паркер втор ден по ред експериментира со обувките. Овој пат се одлучи за сандали со чорапи. Ужасно! Папараците ја „уловиле“ Џесика Паркер додека ги носела близначките Табита и Марион на училиште. На лицето нема шминка, но умешно го сокрила со големите очила за сонце.
Во понеделникот, пак, 47-годишната актерка се појави во спортска јакна, портокалови панталони до под колена и црни високи чизми.