Цеца го освои црногорскиот Оскар

Фолк пејачката Светлана Ражнатовиќ – Цеца синоќа го доби Оскарот на популарноста, кој го доделува Црногорската културна мрежа (ЦКM) врз основа на истражување на јавното мислење, како најпопуларна регионална пејачка во Црна Гора.

Во анкетата на чија листа се најдоа и Јелена Карлеуша, Северина, Јелена Розга и Индира Владич, Црногорците се одлучија за Цеца.

Во конгресната сала на хотелот „Сплендид“ во Беч, нејзината појава најмногу го привлече вниманието на присутните.

Меѓу наградените се најдоа и Шако Полумента како најдобар фолк пејач, додека Јадранка Барјактаровиќ е прогласена за најдобра во женската категорија.

За забавна музика наградата ја доби Даниел Алибабиќ, за најдобар вокал од регионот беше прогласен Хари Варешановиќ.

 

- Реклама -