Адриана Лима сака да биде Бонд девојка

Гледајќи ги Оскарите, бразилската манекенка Адриана Лима посакала да биде дел од холивудскиот гламур и да се најде во улогата на Бонд девојка.

Убавицата која овие денови беше зафатена со ревијата на Миланската модна недела, сепак, најде време да го изгледа гламурозното доделување на Оскарите, а своите впечатоци ги споделила со нејзините фанови на Твитер.

21

„Сакам да бидам Бонд девојка!“, ја напишала Лима својата желба, додека го гледала видеото посветено на сите актерки кои досега биле дел од филмовите за славниот шпион, Џејмс Бонд.

„Доделување на Оскари. Конечно се вративме на Холивуд и на гламурот“, гласел нејзиниот статус, а претходно напишала дека „Животот на Пи“ е еден од нејзините омилени филмови, како и дека го цени режисерот Анг Ли и актерот Кристофер Волц.

- Реклама -