Неколку месеци откако американските таблоиди објавија дека Мајли Сајрус пушела марихуана во Филаделфија, сега се појави фотографија на која пејачката позира со нејзиното куче, а на масата до неа има марихуана, објави PerezHilton.com.
Колку е автентична фотографијата, не можеме да кажеме, но Мајли многу пати до сега е поврзувана со озборувања во кои е вклучено консумирање дрога.