Нејзиното височество – Бијонсе

naslovna1

На 15 април се очекува да започне грандиозното шоу на мега популарната и ништо помалку атрактивна Бијонсе – наречено „Тhe Mrs. Carter Show World Tour“ во кое освен раскошниот вокал ќе биде демонстриран и еден поинаков стил.
Нејзиното височество – Бијонсе ќе се појави во комплетен кралски образ односно во раскошни тоалети дополнети со богат накит.

На новиот стил би позавидела секоја кралица бидејќи Бијонсе не ја заборава грациозноста ниту автентичната за неа нагласена сексуалност.

http://youtu.be/mfb3JPABz5I

Судејќи по видеото кое се појави во јавноста, богатиот накит со скапоцени камења, аристократските локни и тоалетите ќе ги освојат обожавателите по кој знае кој пат.

За деталите околу изгледот на Бијонсе во шоуто се погрижил австралискиот дизајнер Џени Маник Мерчан инаку познат по колекциите накит за ревиите на Викториа Сикретс. За изработка на накитот тој користел чисто злато и кристали на Сваровски. Погледнете дел од кралскиот имиџ на Бијонсе низ следниве фотографии

- Реклама -