Џастин и Селена повторно заедно?

Selena-Gomez-justin-bieber-3

Изгледа дека Џастин Бибер и Селена Гомез едноставно не можат да останат одвоени. Месец после нивното последно раскинување, парот е уловен заедно во Лос Анџелес за прв пат после нивната последна кавга во Мексико, кога одлучија и да се разделат.

Актерката од „Spring Breakers“ беше фотографирана како ја напушта куќата на Бибер рано наутро на 2 февруари, одкако преноќила кај него.

Иако тинејџерската ѕвезда се потрудила добро да се затскрие и да биде непрепознатлива носејќи широк жолт џемпер, црни пантолони и црна шапка, сепак извори на американскиот таблоид „Us Weekly“ потврдуваат дека поранешните љубовници се уште се гледаат.

Се чини дека драмата помеѓу поранешниот пар никако не стивнува, а за тоа дали тие се повторно заедно, се чини дека набрзо ќе дознаеме.

- Реклама -