Мажите не се претерано наклонети кон негата на лицето и нанесувањето на различни креми, но кога секси актерката Ева Лонгорија лично би им ги нанесувала најновите хидрантни производи од куќата „L’Oreal“, тогаш тоа е сосема друга приказна.
Латино убавицата веќе неколку години е заштитно лице на производите на козметичката компанија, но досега главно рекламираше производи наменети за понежниот пол.
Меѓутоа во специјалната реклама за денот на вљубените, Ева промовира машки производи за нега на кожата и тоа на мошне заводлив начин.
Имено, таа се додворува на машкиот модел кој и е партнер во рекламата и се обидува да го навикне да почне да ја негува својата кожа со некој од производите на „L’Oreal“.
Колку беше успешна во тоа, пресудете самите…
http://youtu.be/Vh9LhMEtvsw