Ева Лонгорија во сосема поинакво издание

60753498-eva-longoria-lofficiel

Ева Лонгорија се појави на насловната страна на магазинот L’Officiel во поинакво издание во какво што до сега ја немаме видено. Нејзиното убаво лице повеќе не го красат заводливите локни туку многу кратка „Pixie“ фризура.

Но, иако заводливата актерка покажа дека изгледа совршено на сите начини, станува збор за стајлинг само за потребите за сликањето за L’Officiel.

60753499-eva-longoria-lofficiel

Темно кафената и кратка фризура со густи шишки дополнително го нагласуваат нејзиниот беспрекорен тен и правилни црти на лицето, а за сексипилот кој зрачи на фотографијата се должни темно синото сако и сивото палто со кожни детали под кои Ева не носи ништо.

- Реклама -