Северина фатена како се бакнува со новото момче (фото)

seve1

Иако до пред некое време тврдеше дека единствениот маж во нејзиниот живот е синот Александар изгледа дека Северина Вучковиќ брзо се снашла и кога е во прашање емотивниот партнер.

Екипата на емисијата „Папараци лов“ ја фотографирала хрватската пејачка во друштво на првото момче со кое се гледа по раскинувањето со бизнисменот Милан Поповиќ. Севе биле следена цел ден по нејзината конференција за медиуми во Белград и фотографирана како во доцните часови заминува на вечера со непознато момче. Овој состанок немаше да биде толку интересен ако на крајот Севе не се прегрнеше и бакнуваше со момчето кое ја испрати до автомобилот.

298066-08

Сигурно пејачката не ја забележала камерата и затоа се опуштила и уживала во друштво на новиот маж во нејзинот живот, кој по слободна проценка на екипата на емисијата има 34 до 40 години.

260235-08

- Реклама -