Модниот дизајнер Том Форд ќе биде задолжен за изгледот на Џастин Тимберлејк во неговиот нов видео спот за песната „Suit & Tie“.
Обожавателите со нетрпение го очекуваат новиот спот на пејачот затоа што, како што се шушка, во него Тимберлејк ќе го претстави новиот имиџ.За тоа ќе биде задолжен признатиот моден дизајнер Том Форд.
„Го обожавам Џастин затоа што има вроден вкус за мода и неверојатен талент. Ми беше големо задоволство и чест да работам со него низ целиот креативен процес“, изјавил Форд за „Vogue“.
Форд и Тимберлејк и претходно соработувале кога станува збор за изгледот на пејачот.