Љубовните совети на Наоми Кемпбел

наоми кембел

Темпераментната манекенка Наоми Кемпбел им даваше љубовни совети на кандидатите за нејзиното ново реалити шоу „The Face“.

„Јас сум дефинитивно постар учител кој знае многу за љубовта. Ќе им кажам отворено кога работите не се во ред за да можат да ги подобрат. Сакам девојките да имаат разбирање и автентичност бидејќи утре ќе излезат во вистинскиот свет на модата. Но, иако јас ќе ги критикувам, тоа не значи дека нема и да ги наградам“, изјавила Наоми, која и не е така позната како најстабилната личност во светот.

Таа воедно истакнала дека нејзините години на лудување и импулсивно однесување се далеку зад неа, и дека девојките кои сакаат да се пробијат во светот на модата низ ова шоу, ќе мораат да постапуваат поинаку.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината
- Реклама -