Викторија Бекам: Морам сè да држам под контрола!

viki

Викторија Бекам во неодамнешното интервју за магазинот „Elle“ признала дека мора сè да држи под контрола и да управува со туѓите животи.

„Секој човек треба да верува во другите луѓе, но јас, бидејќи сум опседната со тоа да имам контрола врз сè, морам да управувам со сите околу себе“, изјавила познатата дизајнерка која за овој магазин позираше во моделите од нејзината последна колекција.

Викторија воедно признала дека постојаните работни и приватни обврски често ја исцрпуваат и постојано се чувствува уморно, но дека од друга страна се чувствува среќно што нејзиниот живот е исполнет.

- Реклама -