Легендарната Тина Тарнер наскоро ќе стане Швајцарка. Славната пеачка живее во Швајцарија од 1990 година, во близината на Цирих, а наскоро ќе добие и швајцарско државјанство.
„Тука сум навистина среќна и се чувствувам како дома. Не можам ниту да замислам поубаво место за живот“, изјавила 73-годишната Тина за германскиот таблоид „Blick“.