„ Жал ми е што не се испратив со Дуле“

Пред неполни две години, почина Дуле од дуото „Дуле и Коки“.

Двајцата опстанаа две децении на македонската естрада, оставајќи зад себе неколку големи хитови, како и бројни свирки низ земјава.

Во интервју за „Убавина и здравје“, музичарот и професор по виолина Коки, разговараше за својата кариера, но и за својот непрежален колега.

Еве што изјави тој на прашањето, дали жали за нешто кога ќе се присети на нивните заеднички денови:

„Има многу работи што останаа искажани и недоискажани. Просекот беше околу 130-150 (некогаш и повеќе) настапи во годината, 20 години наназад, 3 објавени албуми и 1 необјавен. Во тоа време, па и сега, репер за нечија популарност беше да се наполни „Универзална сала“.

Ние се смеевме, затоа што секој викенд во Струмица, Охрид, Кавадарци, Штип, Скопје, полневме по четири Универзални сали. Практично, на нашите настапи доаѓаа од 1.000 до 4.000. Си имавме свои задолженија, јас повеќе околу снимањата и организацијата на настапите, но ако некој знаеше како треба со публиката, тоа беше Дуле. Жал ми е што на крајот не се испративме, таква беше болката и кај него и кај мене. Но за тоа во некоја друга пригода“.

- Реклама -