Нова песна и видео спот на Тамара Тодевска

Веста за венчавката на пејачката Тамара Тодевска беше најактуелната вест од естрадата минатиот викенд, а денеска таа повторно е актуелна, овој пат, болагодарение на нејзината нова песна и видео спот.

Во спотот не се појавува Тамара, туку главната улога ја има актерката Катерина Шехтанска и штотуку дипломираниот актер од ФДУ, Тони Денковски.

Насловот на музичкото парче е „Совршен крај“. Од продукцијата „Горила“ наскоро го најавуваат долгоочекуваниот албум „Еден Ден“.

- Реклама -