Телефонските говорници во Њујорк стануваат Wi-Fi hotspots

Јавните говорници во Њујорк веќе долго време се доста бескорисни. За среќа, долго заборавените телефони кои ги исполнуваат улиците ќе добијат новитет за дваесет и првиот век.

Одделот за Информатичка Технологија и Телекомуникација на Њујорк во средата ги најави првите говорници претворени во Wi-Fi hotspots. Тие се бесплатни и се наменети за сите Њујорчани (и туристи) кои сакаат да го поврзат својот смартфон, таблет или лаптоп на интернет. Интернет услугите се доставени во соработка со Van Wagner и Titan.

До сега 10 говорници на неколку локации во Менхетен, Квинс и Бруклин станале Wi-Fi hotspots како дел од пилот програма. Други Wi-Fi говорници се планирани во Бронкс и на Staten Island. Њујорк има вкупно 12.360 говорници кои би можеле да го добијат овој третман.

Во изјава градот ветил дека „овие говорници нема да собираат лични информации и пилот програмата нема да содржи реклами“. Говорниците се забележителни по големиот знак кој кажува “free Wi-Fi here” и покрај тоа воопшто не се разликуваат од обичните говорници.

Поврзувањето со интернетот е лесно, само одбирате “NYC-PUBLIC-WIFI” од листата на достапни мрежи и ги прифаќате условите за користење. Веднаш до говорницата се забележува брзина од околу 6,08 мегабити во сегунда download и 0,07 мегабити во секунда upload. Овие брзини се одлични со оглед на тоа што се работи за бесплатен јавен сервис. Но ако ја префрлите улицата тие брзини паѓаат до 1,02 и 0,06 мегабити во секунда.

Претставници на градот велат дека ова е уште еден чекор кон овозможување достапност на брз интернет за сите жители. Њујорк исто така нуди бесплатен Wi-Fi и во јавни паркови и библиотеки во целиот град.

- Реклама -