По веста дека Игор Џамбазов доживеал инфаркт и се наоѓа во болница, најновите информации се дека во моментов се е во ред.
Имено, како што пишува електронското издание на весникот „Вест“, на актерот и шоумен Игор Џамбазов му се слошило, и завршил во една од скопските болници каде што, по прегледот, му било констатирано затнување на вена и вграден му е стент.
Негов близок другар вели за „Вест“ дека среќна околност е тоа што Игор бил во Скопје и веднаш се реагирало. Игор вчера не беше достапен за коментар, но негови блиски велат дека место за паника нема и оти со него сe е во ред.
„Игор имаше затнување на вена и му ставија стент. Зафатот траеше ден час. Сега е добро, се разбуди и во болница е. Ни рекоа дека по три дена ќе го пуштат, и веднаш заминува за Слепче каде што ќе се посвети на здрав начин на живот. Тоа значи дека ќе мора да се збогува со цигарите или барем да ги намали, бидејќи цел живот е пушач. Игор вети дека ако не успее сосема да ги откачи, тогаш ќе ги сведе на минимум, до пет цигари дневно”, изјави неговиот другар.