Пејачката Тијана Дапчевиќ одлучи малку да „ја премине границата“ па позираше без облека пред камерите во спотот за новата песна која носи наслов „Паранемија“.
– Идејата на Дејан Миличевиќ беше спотот да биде провокативен, но песната воопшто не е таква. Таа обработува социолошки феномен, односно дијагноза која влијае на целата нација, и се нарекува „паранемија“. Сфатив дека сакам песна со порака. Спотот само ја надополнува целата приказна и сигурна сум дека ќе го најде патот до слушателите, но и оние кои музиката ја гледаат само низ спотовите- рекла Тијана за српските медиуми.
Промоцијата на спотот се очекува во средината на јуни, а дали Тијана ќе се појави гола пред представниците на медиумите… Од неа ништо не може да не изненади.