Северина на тапет: Навистина ѝ замеруваат родителите на Игор?

Иако поголемиот дел од естрадата ја поддржува нивната врска, според пишувањата на српските медиуми, родителите на Игор Којиќ не се воодушевени со новата избранична на неговото срце.
Северина и нејзиниот нов дечко Игор Којиќ не престануваат да ги полнат насловните страници. Откога се дозна за нивната врска многу се пишува за истата- од најава за венчавка па до заминувањето на Игор од Србија.

Screenshot_12

На повидок е и нова неволја во врска со новиот пар. Таткото на Игор за врската со Северина дозна од медиумите и наводно полудел бидејќи за својот син имал други планови.

Прво му смета тоа што Северина од Игор е постара цели 15 години и тоа што со Милан Поповиќ имаат дете- барем така пишуваат српските медиуми. Наводно таткото на Игор сакал некоја анонимна девојка со која ќе се смири Игор и со која ќе основа семејство, бидејќи е време и за наследник, пишува Svet.rs.

Screenshot_14

Кога приказната за љубовта меѓу Северина и Игор беше објавена, Драган Којиќ Кеба, таткото на Игор бил во Америка па не можел со својот син да зборува во четири очи.

Прочитајте и:  Несоодветни и непристојни прашања кои родителите на дете единец често ги добиваат

„Се плаши дека Северина може лошо да влијае на Игор. Секогаш повторува дека разликата во годините е премногу голема и дека на Игор таа врска нема да му донесе ништо добро. Не му се допаѓа ни тоа што неговиот син треба да се грижи за туѓо дете“, наведува близок извор. Мајката на Игор не сакала да дава никакви изјави.

Screenshot_15

Иако српските медиуми тврдат дека Кеба е против нивната врска, пејачот конечно го прекина молкот и објави кратка порана преку Твитер: „Не е точно дека сум се изолирал од медиумите. Моментално сум на турнеја во Америка и јасно ми е дека медиумите сакаат сапуници но НИТУ ЕДНА изјава поврзана со врската на Игор не сум, ниту ќе дадам бидејќи тоа е негова работа, а изборот на срцето на Игор е и мој“.

Screenshot_16

- Реклама -