Македонците плаќаат по 1.300 евра за да ја гледаат Сораја како ја отвора устата?

Додека пејачите се жалат дека е криза и немаат доволно настапи, старлетата, само за држење на микрофон добива голем хонорар.

Сораја Вучелиќ станала ѕвезда на македонските ноќни клубови, пишува српски „Блиц“.

– Македонците ја сакаат Сораја бидејќи изгледа одлично, се облекува провокативно и не носи градник. Каде и да се појави, настанува делириум. Не знае да пее, но тоа не е важно. Само за отворање на устата и даваме од 1.000 до 1.300 евра, вели Алек, менаџер на еден клуб во Скопје.

605132_zab-soraja_ff

Сораја ги потврди овие наводи

„ Јас не сум пејачка. Со Давор Марковиќ ја снимив песната „ Ѓавол“, а тој во Македонија е многу популарен и често заедно настапуваме. Со оглед на тоа што ги наплатувам своите јавни настапи, нормално е да барам хонорар. И тоа не е случај само во Македонија. Ме бараат и во Србија, каде што заработувам по 1.300 евра за настап. Сораја додава дека во една прилика од имотен Македонец добила бакшиш од дури 3.000 евра, бидејќи му ја испеала од Лепа Брена песната „ Ти си мој грев“.

„Ќе научам да пеам“

Сораја планира пеењето да не и биде само добро платено хоби, туку сака да стане позната пејачка.

– Иако имам еден приватен бизнис кој ми оди добро, секако планирам да се посветам на пеењето. Ќе земам часови по пеење, се пофали старлетата.

- Реклама -