Старлетата Станија Добројевиќ се најде во центарот на скандал кога минатата недела протекоа нејзини фотографии на сајт кој нуди проститутки од Дубаи.
По тој повод Станија ги коментираше цените кои се нашле под нејзината фотографија, а откри и дека себе си се смета за „лице од милион долари“.
Станија за српските медиуми го искоментира минатонедениот скандал во кој се најде.
Станија се проституира во Дубаи? Објавени нејзини слики на страна за ескорт – дами
Таа тврди дека на сајтот на кој се појавија провокативните фотографии може да се најде било кој и коментира дека им „недостигаат едно 5-6 бројки“.
– До сега не сум имала непристоен предлог, но некои дури би ги искористила. Гледајте, јас сум лице од милион долари- вели Станија во разговорот.
Сепак, Станија тврди дека постојат жени кои работат со јавна работа и се занимаваат со проституција, но вели дека таа не е една од нив.