Реалното шоу „Парови“ и понатаму продолжува да го забавува и згрозува регионот.
Иако добија забрана за само 24 часа од Советот за електронски медиуми, српското реално шоу „Парови“ и понатаму предизвикува скандали.
Сега во куќата влегол и нов фраер Гастоз. Неговата задача е очигледно да ја заведе босанската ѕвезда Сенада Ниркиќ (позната како Маца Дискреција). Српските медиуми пишуваат дека тие двајца се расправаат, па брзо се помируваат, но страста е очигледно посилна бидејќи тие двајца завршиле во тоалетот- се разбира, сè се слушало, а некои од ко-станарите не можеле а да не ги прислушкуваат воздишките од затворената врата.